Работна група за следење на имплементацијата на активностите од компонентата “Ефикасно управување со јавните ресурси – фискална транспарентност” од Акциски план за Отворено Владино Партнерство 2014 – 2016 година

 

Со одлука на Владата на РМ донесена во 2014 година, Здружението ЕСЕ беше номинирано како член на работна група за следење на имплементацијата на активностите од компонентата “Ефикасно управување со јавните ресурси – фискална транспарентност” од Акциски план за Отворено Владино Партнерство 2014 – 2016 година.

На 12 јануари 2015 година, здружението учествуваше на работна средба во Министерството за финансии на кој беа образложени наодите на ЕСЕ во однос на имплементацијата на мерките од компонентата за фискална транспарентност и беа дадени препораки до работната група. Здружението ЕСЕ по работната средба своите наоди и препораки ги достави до работната група во писмена форма, а истите како такви влегоа во финалната квартална информација која работната група ја достави до Владата н РМ.

Прелог:

  1. Одлука на Владата на РМ за номинација на Здружение ЕСЕ како член на работна група за имплементација на Акцискиот план за Отворено Владино Партнерство 2014 – 2016 година.
  2. Извештај и препораки за имплементација на активностите од компонентата “Ефикасно управување со јавните ресурси – фискална транспарентност”.