Објавен во Службен весник број: 40/2006
Датум на објавување: 31.03.2006
Хронологија на измени и дополнувања: 40/2006; 127/2006; 136/2008; 148/2008; 155/2008; 163/2008; 44/2011; 51/2011; 142/2012; 31/2013; 34/2013; 14/2014; 30/2014; 31/2015
Што уредува овој закон: Cо овој законик се уредуваат начинот, условите и постапката за избор на претседател на Република Македонија (во натамошниот текст: претседател на Републиката), за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија (во натамошниот текст: пратеници), за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје (во натамошниот текст: членови на советите), за избор на градоначалник на општина и градоначалник на градот Скопје (во натамошниот текст: градоначалник), начинот и постапката на евидентирање на избирачкото право, водење на Избирачкиот список, определување на границите на изборните единици и утврдувањето, менувањето и објавувањето на избирачките места, како и условите за функционирање на избирачките места.
Клучни одредби од законот кои се однесуваат на граѓанско учество во работењето на законодавната власт:
“Член 3 - (1) Претседателот на Републиката, пратениците, членовите на советите и градоначалникот на општината се избираат на општи, непосредни и слободни избори, со тајно гласање. (2) Никој не смее да го повика избирачот на одговорност заради гласањето, ниту пак од него да бара да каже за кого гласал или зошто не гласал.”
“Член 6 - Право да избира има секој државјанин на Република Македонија кој наполнил 18 години живот и има деловна способност и е со постојано живеалиште во изборната единица, општината, односно градот Скопје каде што се врши изборот.”
Прилог, консолидиран текст на законот...